ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/21 10:45 PM

На сите им го покажа скапоцениот прстен – Цеца се вери со нејзиното момче Богдан?

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ успеа да ги заинтригира своите следбеници со последната објава на нејзиниот Инстаграм профил.

Цеца за приказната објави видео на кое во преден план е прстенот со голем скапоцен камен на левата рака.

Многумина мислеа дека се верила со нејзиното момче Богдан Срејовиќ, па на социјалните мрежи следеа коментари на таа тема.

Цеца неколку пати изјави дека нема да се мажи, но оваа снимка натера многумина да се запрашаат дали пејачката се предомислила.

– Никогаш, со што би се омажила? Хартијата само ја расипува среќата. Веќе се омажив, видов дека може да биде одлично, убаво, фантастично, сега хартијата не ми значи апсолутно ништо и сакам да се забавувам – изјави Цеца во емисијата „Гранд њуз“.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1