ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/21 7:40 PM

Санкционирани 17 возила кои вршат јавен превоз во Битола со неисправни уреди за сопирање и управување

МВР информира дека денеска, во временскиот период од 08.00-14.00 часот, на подрачјето на СВР Битола била спроведена регионална акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

Контрола била спроведена на 80 возила, а биле утврдени 17 неправилности, кои се соодветно санкционирани. Од нив девет за неисправен уред за сопирање, две за неисправен уред за управување и друго, велат од МВР.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1