ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/21 5:38 PM

Автобусот не е пријавен во единствената електронска база и користел неважечки извод од друг автобус со други регистерски таблици, вели Бочварски

Министерот Бујар Османи денеска на прес конференција информираше дека повредените се во добра здравствена состоја, двајца повредени утре ќе се пуштени и донесени во Скопје, двајца на 28-ми и еден повреден на 01 декември, српскиот државјанин ке биде пренесен во Србија.

Османи информираше дека Владата ќе ги превземе сите трошоци за пренос и погреб на жртвите од сообраќајната несреќа. Министерството за надворешни работи е задолжено и ќе го организира транспортот.

-Автобусот кон сообраќал Од Р. Турција кон Р.С.Македонија кај Кулата, удрил во банкина., и еластичната ограда, при што возачот изгубил контрола и дошло до самозапалување на надворешниот дел од возилото а потоа и удар во средишната ограда од автопатот при што настанало целосно опожарување на возилото. Во автобусот се превезувале 52 патника, настрадале 45 лица, седум успеале да го напуштат автобусот, и се пренесени во болницата „Пиргов“. Тимот во клиниката се интересираше за здравствената состојба на повредените, и изврши разговор и подетални информации за текот на незгодата, рече Оливер Спасовски.

-Полиција прави документирање кои возилата и лицата треба да ги имаат при излез на државата. Бјб про мвр не е надлежно да ги проверува лиценците.

Спасовски истакна дека автобусот во 2020 во 22 случаи има направено влез и излез од државата, а во  2012, 113 преминувања. Последниот технички преглед е направен на 5.10.2021 г. и е утврдено дека нема отстапки или неисправност на возилото. Истото има важност на регистрацијата до 13.10 2022 год. Возилото е произведено во 2007 г. Во 2020 има кривични за четири неправилности, а во 2021 за 4 неправилности.

Министерот за транспорт и врски истакна дека „Беса Транс“ поседувал две лиценци за работа, за слободен превоз на патници во меѓународен сообраќај, за таа е донесено решение за одземање, и лиценца за линиски превоз на патници во внатрешноста, оваа лиценца е истечена во окт 2021, истата е неважечка. Опожарениот автобус кој учествувал во сообраќајката не е пријавен во единствената електронска база на Министерството за транспорт и не поседувал извод од лиценца, и користел неважечки извод од друг автобус со други регистерски таблици. Превозник вршел злоупотреба и ги прекршил одредбите за патен сообраќај.

Тој исто така рече дека по барање на Обвинителството и Министерството за транспорт и врски ја предаде целата документација и ќе постапи по барање на Обвинителството.

Бочварски на новинарско прашање ја информираше јавноста и дека едниот возач не бил вработен во оваа фирма и имал сертификат со важност до 2023 год, а вториот не бил вработен во ниту една компанија и сертификатот му бил истечен во 2020.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1