ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/21 2:24 PM

„Беса Транс„ минувал граници со извод од лиценца на друг автобус, велат од транспорт и врски

Броевите на изводи на лиценци кои се евидентирани во Царинската управа при влез и излез и со кои што се шпекулира во јавноста не се во сопственост на опожарениот автобус на превозникот „Беса Транс”. Превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од Министерството за транспорт и врски.

За опожарениот автобус превозникот „Беса транс” немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.

– За да појасниме, бројот 007017 е број на лиценца на превозникот Беса Транс БТБ за вршење на меѓународен превоз на патници. Бројот 22679, со кој што шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски, во соопштението, најостро ги демантира шпекулациите што ги објавуваат одредени медиуми, и посочува дека веќе неколку пати информирале дека опожарениот автобус кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, не е пријавен од сопственикот во електронската база на податоци на Министерството, а со тоа не побарал извод од лиценца за ова возило.

МИА

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1