ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/27/21 10:06 PM

Сфатил дека жена му го изневерила откако дома им се се затнала тоалетната школка

Маж од Најробија открил дека жена му го изневерува дури откако повикал водоинсталатер за да одзатне тоалетната школка.

Се испоставило дека причина за затнатите водоводни цевки се искористени презервативи, околу 60 на број. Овие презервативи всушност ги користеле неговата сопруга и нејзиниот љубовник, а потоа ги фрлале во тоалетната школка.

„Забележавме дека школката не е како претходно, дека водата оди потешко и дека се случува фекалиите да се вратат назад. Бев изненаден бидејќи куќата е нова. Повикав водоинсталатер и бев шокиран кога ми рече дека проблемот доаѓа од искористени презервативи, а и ми се потсмеваше мислејќи дека јас сум го правел тоа, па ми рече никогаш веќе да не го правам“, раскажал мажот, пренесува порталот Tuko.ke.

Тој бил запрепастен бидејќи со неговата сопруга не користеле заштита.

Немајќи изговори, сопругата со која тој е во брак пет години и со која има две деца, признала дека има љубовник. Тие биле пред развод, но како што објави наведениот портал, бракот им го спасил локален тревар кој ги убедил дека треба да си дадат нова шанса.

 

Извор: republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1