ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/21 12:52 PM

Автобусот на „Беса транс“ без лиценца 113 пати ја поминал нашата граница само оваа година, потврди МВР

Автобусот на „Беса Транс“ кој се запали во кој изгореа 44 патници, а седуммина се спасија и се наоѓаат во болница во Софија, ја преминал нашата граница 113 пати само оваа година.

ММС го праша Министерството за внатрешни работи дали знаело колку време автобусот на оваа компанија кој целосно изгоре на автопатот Софија – Благоевград, ги поминувал границите без извод од лиценца.

– Во однос на прашањето за бројот на преминување на државната граница на предметниот автобус, евидентирано е дека во 2020 година истиот во  22  случаи има остварено влез – излез од државата, додека во 2021 година има  остварено 113 преминувања на државната граница – ни рекоа од МВР.

Предметниот автобус со регистарска ознака „SK 0284 BA“ за прв пат е регистриран во Скопје на 15.10.2020 година во сопственост на БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ. Важност на регистрацијата е до 13.10.2022. Возилото е произведено во 2007 година.

На прашањето дали трите автобуси од турата за Турција кои пристигнале во Македонија се однесени на технички преглед и дали ги поседувале сите документи, од МВР рекоа дека не биле надлежни да проверуваат лиценци.

– Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ во МВР не е надлежно да ги проверува лиценците за превоз на автобусите на граничните премини. Тоа е во надлежност на Царинската управа и  Државниот  инспекторат за транспорт – истакнаа оттаму.

Орце Костов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1