ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/21 1:16 PM

„Пресот е за буџетот, а не за несреќата“ рече Спасовски, иако цела јавност чека информации за трагедијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска одржа прес конференција, на која зборуваше за Буџетот за ресорното министерство, додека во соседна Бугарија се води истрага за автобуската трагична несреќа во која загинаа 45 луѓе.

Изговорот на министерот на поставените новинарски прашања за детали од несреќата, беше дека ќе повика тематска прес конференција во текот на денот на која ќе ги дадат сите детали.

И по три дена од трагичниот настан, надлежните институции од нашата земја сеуште немаат излезено на прес конференција да соопштат детали, додека во соседна Бугарија вчера официјално прес конференција одржа бугарското Обвинителство.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1