ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/21 12:33 PM

Се запали стан во Кисела Вода

Изби пожар во стан во населбата Кисела Вода. Извори на ММС велат дека гори стан на улица „Антон Попов“, а во него во моментот на пожарот биле две лица, кои се повредени и се пренесуваат во Клиниката „Мајка Тереза“.

Според очевидци како причина за пожарот се наведува заборен уклучен шпорет.

ММС се обрати и до Пртивпожарната единица Скопје, од каде ни рекоа:

-Екипите се на терен, пожарот е изгаснат и веќе се расчистува. Нема голема штета. Викнавме превентивно Браза Помош, бидејќи имаше многу чад. Повеќе детали кога ќе се вратат колегите од терен, ни рекоа тие.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1