ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/21 12:22 PM

Полицијата во Истанбул со солзавец растера жени кои протестираа против насилството

Турската полиција употреби солзавец во Истанбул за неколку стотици жени кои одржаа протиест против насилството и непридржувањето на Турција кон меѓународните спогодби за заштита на жените. На собирот тие носеа транспарент „Ќе се бориме додека не го добиеме она што го сакаме“ и го повикаа претседателот Реџеп Тајип Ердоган за земјата да почне да ја применува Истанбулската конвенција.

Конвенцијата во 2011-та година беше усвоена од страна на Советот на Европа и претставува документ со кој се утврдуваат правно обврзувачките процедури за спречување на насилството од сексистичка природа.

Договорот беше потпишан во Истанбул. Турција и официјално го напушти договорот во јули, а властите тогаш истакнаа дека тој може да ја поттикне хомосексуалноста и да го загрози традиционалното семејство.

Жените на вчерашниот протест се обидоа да ја поминат полициската барикада, но полицијата возврати со солзавец. Собирот беше одржан по повод Меѓународниот ден на борбата против насилство врз жените.

 

Извор: rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1