ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/21 11:02 AM

Oтстранети 4 тони отпад од прочистителната станица за отпадни води Волково

Месечен извештај за оперативноста на ПСОВ – Волково, октомври 2021
Од ЈП Водновод и канализација – Скопје информираат дека пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково.


Петпријатието за пречистување на отпадните води употребува современа СБР технологија.

„Во текот на месец  октомври, 2021 се пречистени вкупно 65 805 м³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман се отстранети приближно 4 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици…) и 19 08 02 ( отпад од песколовец – песок). Во Пречистителната станица за отпадни води – Волково се прават анализи на параметри кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во р.Лепенец“, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Во периодот од 01.10.2021  до 31.10.2021 биле изработени анализи на 18 примероци од две мерни места. Направените анализи во месец октомври, 2021 година покажале задоволителни резултати и висок процент на ефектот на пречистување, а вредностите на параметрите на излез се движат во границите на максимално дозволените концентрации според Правилник – Службен весник на РСМ бр.73 од 31.05.2011 година.

ЈП Водовод и канализација – Скопје изминатата недела спроведе и акција за чистење на атмосферската канализација.

Екипи на сектор Канализација, при ЈП Водовод и канализација – Скопје, во четвртокот спроведоа акција за чистење на сливниците и шахтите во сите општини на територија на Град Скопје.

„Акцијата се спроведува како дел од редовните работни активности и во согласност со најавените врнежи од дожд во текот на периодот кој следува, со цел непречена  функционалност на атмосферската канализација. Врз основа на планираните активности, акцијата продолжува“, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1