ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/21 10:22 AM

Пендаровски именуваше претседател и членови на Комисијата за помилување и член на Комисијата за одликувања и признанија

Претседателот на државата Стево Пендаровски донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување.

Како што соопшти Кабинерот на Пендаровски, за претседател на Комисијата за помилување е именувана Уранија Пировска, а за членови се именувани Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Темелко Ристевски, Ерол Рушид, Томислав Кежаровски, Божин Аврамовски, Сафет Aлиу, Зора Митиќ и Билјана Петковска.

Уранија Пировска е именувана за претседател на Комисијата за помилување на местото на Сабит Кранли, а нов член во комисијата е новинарот Томислав Кежаровски.

На местото на актерката Сабина Ајрула, за член на Комисијата за одликувања и признанија  Пендаровски донесе одлука за именување на актерката Амернис Јовановска-Нокшиќи.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1