ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/21 9:41 AM

Петти пораз на Вардар, плејофот е се подалеку

Тренерот на македонскиот ракометен првак Вардар 1961, Веселин Вујовиќ е разочаран од поразот од ПИК Сегед (30-27) на домашен терен кој беше петти во низа во рамки на групата А во Лигата на шампиони.

Вујовиќ истакна дека шансите на Вардар за пласман во осминафиналето не се загубени.

– Реков дека ќе дојдат тешки времиња и разочарувањето го делам со навивачите кои не се задоволни. Нашата цел е пласман во следниот круг и се надевам дека тоа ќе го оствариме. Борбата не е завршена, има уште до крајот – рече Вујовиќ на прес-конференцијата по мечот во „Јане Сандански“.

Ракометарите на „Вардар“ следните два натпревари ќе ги играат на гостински терен против Кил и Загреб, идниот месец.

Монпеље води во групата А со 13 бодови, пред ПИК Сегед – 12, Кил – 11, Алборг-10, Елверум – 8, Вардар 1961 – 5, ППД Загреб -4, Мешков Брест – 1.

 

Фото: Вангел Тануровски

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1