ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/21 8:58 PM

„Цел ден преплакав од среќа“ – Пејачката Росана по втор пат стана баба, доби уште еден внук

„Ќе полетам. Мојот свет се Ноах и Матео“, вели пејачката Росана Сариќ Тодоровска, која денес, заедно со сопругот Ѓорги Тодоровски-Трупче по втор пат станаа баба и дедо. Нивната ќерка Ивана го роди второто синче, кое го крстија Матео.

Росана и Трупче  веќе баба и дедо на Ноах (3.5), првиот син од нивната ќерка Ивана и зетот Џејмс, но утрово стаса радосната вест, дека пристигна второто внуче.

 

-Супер е чуството. Цела ноќ не сме спиеле со дедо Трупче, око не сме склопиле. А цел ден плачев од среќа, преплакав. Иванче ни се породи утрово околу 10.30 часот и ни го донесе најубавиот подарок на свет, нашето второ внуче Матео. Таа е многу храбра и дисциплинирана мајка. Матео се роди 3.400 килограми и долго 51 сантиметар. Благодарејки на лекарите Клементина и нашиот пријател  д-р Палчевски, се помина во најдобар ред. Џејмс, како за Ноах, така и за Матео присуствуваше на породување и веднаш ни кажа дека малиот Матеа многу плачел кога се родил. И Ивана  и зетот изреагирале дека Матео ќе биде песнопоец на баба, па баба расте како квасец од среќа. Фала му на Бога се’ добро се заврши. Вистина преубаво чуство за повторно да станеме баба и дедо, вели среќна баба Росана.

Росана вели дека среќата е поголема, бидејќи веќе се две братчиња, а Ивана растела сама, како едно дете на мајка и татко.

-Навистина е среќа да се има браќа и сестри. Да, ние останавме со едно дете, но не затоа што сакавме,  за жал од одредени мои здравствени причини. Но, еве има Господ, па Иванче наша, нашата единица ни донесе две внучиња.  Иако била една и растела сама Ивана е едно скромно дете, нерасипано, со дисциплина, култура, воспитана и елоквентна. Затоа и се боревме да биде таква со наше воспитување. Можеби имало моменти кога ние како родители ја разгавилвме, бидејќи ете едно дете, но тоа во никој случај не се случи. Благодарни сме на нашето дете што ги послуша сите наши совети, ги прими за нејзино добро, вели Росана и додава дека Матео многу личел на татко му.

-Пресреќни сме и збунети и многу работи не прашав, важно ми беше да се живи и здрави со Ивана. Се роди со косичка.   Измешани ми се емоциите.  Едвај чекам да го земам во раце, да го видам, да го бакнам, мил на баба. Да, вистина мојот свет се и Ноах и Матео, рече  емотивно таа.

(В.М.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1