ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/21 5:48 PM

Од утре дожд, за викендот се очекува и снег

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен до југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната од 7 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд уште од претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен до југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Утре ќе има врнежи од дожд особено во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат краткотрајно поројни. Од утре ќе дува умерен до повремено засилен ветер (над 60 км/час) од јужен правец, што за време на викендот ќе услови повисоки  температури.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1