ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/21 5:15 PM

Двајца малолетници краделе пари од цркви во тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од село Радуша и од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, информираат од МВР.

Во периодот од 11.07.2021 до 25.07.2021, со употреба на физичка сила и подесен предмет, пријавените влегле во црквата „Свети Никола“ во с.Копанце и „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во с.Туденце и одзеле пари.

Во присуство на нивните родители, инспектор по малолетничка деликвенција  при СВР Тетово и претставник од Центарот за социјални работи во Тетово со пријавените бил извршен службен разговор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1