ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/21 4:44 PM

Починаа 18 лица, регистрирани 473 нови случаи со Ковид-19

Во последните 24 часа, Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје информира дека регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.708 тестирања, починале вкупно 18 лица, 14 во изминатото деноноќие и четворица пријавени преку системот „Мој термин“. Евидентитани се 505 оздравени пациенти.

Од новорегистрираните, од Скопје се 246, Битола 41, Кавадарци 23, Охрид 22, Куманово 21, Прилеп 18, Кочани 13, Велес 11, Струмица и Гевгелија по 9, Валандово 7, Берово 6, Штип 5, Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица по 4, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар по 3, Гостивар, Струга, Неготино, Ресен и Богданци по 2 и Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно починато лице од Тетово (69г),  Велес (89г),  Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89г, сите лица се починати во домашни услови.

Од 505-те оздравени пациенти од Скопје се 230, Битола 50, Кавадарци 32, Кочани 18, Гевгелија 17, Прилеп, Велес и Тетово по 16, Крива Паланка 14, Куманово 12, Берово 11, Неготино 10, Штип и Кратово по 7, Охрид и Радовиш по  6, Кичево, Богданци и Виница по 5, Струмица, Валандово и Гостивар по 4, Ресен 3, Пробиштип 2 и Демир Хисар, Струга, Макденоски Брод, Пехчево и Дојран по 1.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1