ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/21 3:54 PM

Газдата на „Беса Транс“ не е раководител на секторот туризам во Министерството за економија, тврдат оттаму

Сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ чиј автобус изгоре на автопатот Софија-Благоеград и во кој загинаа 44 патници, а седум се повредени, не работел во Министерството за економија.

Беким Хаџиу е сопственик на „Беса Транс“ кој има исто име и презиме со раководителот на секторот за туризам во министерството за економија, Беким Хаџиу, па оттука и шпекулациите дека наводно тој бил вработен во државен сектор и имал приватна компанија чиј автобус возел без лиценца.

– Раководителот на секторот за туризам во министерство за економија Беким Хаџиу, не е сопственик на Беса Транс – рекоа за ММС од министерството за економија.

Шпекулациите се појавија по несреќата и потрагата по компанијата чиј сопственик е токму Беким Хаџиу. Се работи за два посебни субјекти, едниот е туристичка агенција „Беса Транс – Скопје“ која го организирала патувањето до Истанбул, има туристичка Б-лиценца и сопственик е Беким Хаџиу.

Вториот субјект е компанијата превозник „Беса Транс БТБ“ од Скопје која била сопственик на автобусот во кој загинаа патниците.

О.К.

фото: biznisregulativa.mk

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1