ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/21 1:56 PM

Врховен да обезбеди еднаквост кај судските одлуки и казните за сообраќајки, бара Судскиот совет

Судскиот совет испрати барање до Врховниот суд, како највисок суд кој според Уставот обезбедува единство во примената на законите и изедначување на судската практика, со кое укажува дека е неопходно да ја преиспита казнената политика за кривични дела од областа на сообраќајот.
„Тргнувајќи од стратешката цел на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судовите и зачестените реакции во врска со актуелни предмети по однос на изречени санкции од областа на сообраќајот, особено за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, Судскиот совет укажува на невоедначена судска практика по однос на казнената политика. Оттаму и потребата да се приспита казнената политика, односно да се обезбеди единство во примената на законите“, наведува Судскиот совет во дописот до Врховниот суд.
Се додава дека вакво барање до Врховниот суд е испратено и во септември 2020 година, а поттикнато од невоедначената судска практика и од поднесените голем број претставки од граѓани  во врска со изречени санкции за кривични дела од сообраќајот.
Барање со слична содржина, Судски совет испрати и до апелациските судови во Скопје, Битола, Штип и Гостивар, со цел и тие да се вклучат во процесот на воедначување на казнената политика во врска со кривините дела од областа на сообраќајот.
„Во изминатиот период на различни апелациони подрачја се зачестени појавите на невоедначена судска практика за кривични дела од областа на сообраќајот“, стои во дописот од СС до апелациските судови и се додава дека членови на овој Совет ќе направат увид во неколку предмети од областа на сообраќајот кои се водат во некои од судовите, а за кои во последно време има реакции во јавноста.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1