ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/21 11:16 AM

Тубите за гориво биле празни, жртвите се задушиле – Презентирани досега собраните докази

Бугарското државно обвинителство кое го води случајот со автобуската несреќа во која изгореа патници од Македонија кои се враќале во Истанбул, ги презентираше сите досегашни докази за случајот за кој нема ниту еден очевидец освен сведоците кои ја преживеаја несреќата и се наоѓаат во болница во Софија.

– Собраните докази  и распитани се сведоци од автобусот, двајца кои биле будни и дадоа точни информации за настаните во трагичната ноќ. Исказите им се поклопија и може да кажеме дека се веродостојни. Испитуваме уште двајца пациенти од болницата кои се во потешка психолошка состојба. Ќе се прават  медицински експертизи, аутопсиите се готови и тие покажаа дека луѓето загинале од загушување и биле живи во моментот на пожарот – истакна dиректорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов.

Назначени се експерти за автосообраќај, пожарникарски експерти кои ќе дадат одговор на клучното прашање: Што го предизцикало напуштањето на лентата и што го предизвикало пожарот.

Истражители од Софија утре ќе пристигнат во Скопје и таму ќе бидат пречекани од македонскиот државен обвинител Љубомир Јовески и уште во рамките на тој ден ќе ги земат ДНК-примероците од роднини на настрадните граѓани.

– Верзијата за туби со бензин и нафта ја отврфливме откако ја истражувавме. Три туби имало, но биле празни и не го предизвикале пожарот. Немало други запаливи материјали. Ќе ја отфрлам и верзијата за терористички напад која сепак ја истражувавме. Потврдувам, не станува збор за терористички напад иако и тоа моравме да го истражуваме. Денеска продолжуваат распитите и увидот на автобусот кој е поставен на паркинг. Тој ќе го анализираат автоекспертите за да се види дали имало некој технички проблем кој можеби го предизвикал инцидентот. Мора да ја видиме и оваа верзија. Водечка верзија за причината е човечка грешка. Видовме и дека медиумите пишуваат за лошата сигнализација, лошиот пат, лоша организација на движењето. Заштитната ограда во која абтобусот прво удрил е небезбедна и опасна и таа е причина за инцидентот.

Да кажам за спасените осум луѓе, телата најдени од нас се 44. Граничната контрола на преминот „Капетан Андреев“ регистрирала 52 патници. Но тоа може да биде знак дека некој патник се префрлил во еден од другите автобуси на некоја пауза, но тоа ќе го истражиме дополнително – додаде Сарафов.

О.К.

фото: МИА

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1