ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/21 10:36 AM

Каде е осмиот преживеан патник?! – Бугарските власти потврдија дека се пронајдени 44 тела, а патувале 52 лица

Момчето со српско државјанство кое спаси неколку патници од автобусот на „Беса Транс“ кој завчера се запали на патот Софија-Благоевград, пред бугарските обвинители рекло дека се извлекле осум патници. Обвинителството потврди дека се најдени 44 трупови, а не 45 како што се тврдеше досега и дека на граничниот премин Капепан Андреев на турско-бугарската граница биле евидентирани 52 патници. Ова фрли огромни сомнежи во истрагата затоа што никој не знае каде е осмиот патник.

– Јас бев на местото на инцидентот и ги видов труповите, глетката беше ужасна. Потешко беше кога јас заедно со главниот обвинител од Македонија, Љубомир Јовевски ја посетивме болницата „Пирогов“. Сите пациенти беа во добра физичка состојба, но психички беа во тешка состојба. За нив се грижат најдобрите специјалисти во Бугарија. Ги прашавме сите што им треба, телефон, вода и храна. Сите прашуваа за своите роднини. Еден ја бараше мајка му, друг прашуваше каде му е сопругата, а трет како му е детето, но нивните роднини беа во автобусот. Во една од собите, се сретнав со момчето кое е на моја возраст и му реков дека ти си херој. Тој ми раскажа како го скршил стаклото и како се спасиле осум луѓе. Јас му реков дека сте седум, ми рече не, ние се спасивме осум луѓе – рече обвинителката Сијка Милева.

Таа потврди дека на терен пронашле 44 трупа.

– Проста математика беше дека патувале 52 патници, а во болницата има седум луѓе, четири мажи и три жени. Остана голема загатка каде е осмото лице. Работиме во таа верзија, може да се работи и на лошо сеќавање од сведокот. Пред присуство на истражувач и преведувач момчето повторно кажа дека се спасиле осум лица – додаде Милева.

 

О.К.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1