ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/21 10:42 PM

Ги исфрла токсините од телото и го зајакнува имунитетот – Крем чорба со зеленчук

Чорбата од брокула и карфиол, освен што е вкусна и многу благотворно делува на организмот.

Состојки:

мала главица карфиол

брокула

зеленчук за супа (магдонос, целер, 2-3 моркови)

1 дл павлака

со и бибер по вкус

Подготовка:

Карфиолот и брокулата исчистете ги и исечете ги на ситни парчиња.

Заедно со исечканиот зеленчук, ставете ги во 0,8 л вода да се варат, посолете и побиберете. Гответе околу 20 до 30 минути додека зеленчукот не омекне.

Супата процедете ја и сè од неа изгмечете во блендер за да добиете фина каша. Потоа вратете се во супата и промешајте.

По потреба додадете уште вода, почекајте да зоврие и на крај додадете ја павлаката.

Оставете да отстои неколку минути пред да послужите за да се згусне.

Извор: Стил.курир.рс

Фото: Thinkstock/ Илустрација


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1