ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/21 9:17 PM

Агенцијата „Беса Транс“ негира дека автобусот шверцувал бензин и пиротехника

На својот Фејсбук профил туристичката агенција „Беса транс“-Скопје објави дека нивниот автобус кој изгоре во сообраќајната несреќа не шверцувал бензин или пиротехника. Тие апелираат до медиумите да не се шират шпекулации што ќе ѝ наштетат на истрагата.

-Како агенција ги информираме семејствата на починатите и повредените во трагедијата дека автобусот во никој случај немал багаж за шверц на нафта, бензин или пиротехнички средства. Сите овие шпекулации се злонамерни. Вкупниот капацитет на автобусот беше 450-500 литри нафта за самиот автобус, а во никој случај немаше резерва за шверцерски цели. Уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ги користат овие дезинформации, објави Агенцијата на Фејсбук.

Фото: Фејсбук


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1