ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/21 8:24 PM

Витамин кој ќе ви помогне да имате рамен стомак

Сите знаеме дека стомакот најчесто расте поради недоволно вежбање и прејадување. Но, научниците велат дека тоа може да биде предизвикано и од недостаток на одредени видови витамини. Ако не можете да се ослободите од салото на стомакот дури и кога внимавате на исхраната и редовно вежбате, може да имате недостаток на витамин Д.

Истражувањата покажаа дека на луѓето кои имаат вишок сало на стомакот им недостасува витамин Д. Покрај тоа што е важен во борбата против остеопорозата и го подобрува расположението, овој витамин е важен и за слабеење, односно за разрешување на салото на стомакот.

Витаминот Д или сончевиот витамин се зема првенствено преку сончевата светлина. Но, одредена храна може да биде и одличен извор на овој витамин. Единствениот начин да се утврди дали имате недостаток на овој витамин е преку лабораториско тестирање.

Доколку ви недостига витамин Д, покрај маснотиите во стомакот, може да се појават и други проблеми како слаб имунолошки систем, хроничен замор, депресија, анксиозност, опаѓање на косата, болки во мускулите и зглобовите.

За да го избегнете сето ова, погрижете се да сте доволно изложени на сончева светлина и да јадете храна богата со витамин Д. Тоа се намирници како јајца, печурки, риба и млеко, пишува „Healthy builderz“. Покрај тоа, можете да земете додаток на витамин Д, но прво консултирајте се со вашиот лекар.

Извор: Ба.н1инфо.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1