ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/21 4:41 PM

Пет лица починаа, 373 оздравени и 442 нови случаи со Ковид-19 во последните 24 часа

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи со Ковид-19, пет починати и 373 оздравени пациенти.

Од новозаболените во Скопје има 168, Битола 41, Прилеп 31, Кавадарци 24, Охрид 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани по 13, Делчево 11, Ресен и Валандово по 10, Демир Хисар 9, Неготино и Берово по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 7, Тетово 3, Македонска Каменица 2 и Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево по 1.

Од петте починати две лица се од Скопје (57г, 78г) и по едно од Делчево (83г), Кочани (77г) и Крива Паланка (84г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Од 373 оздравени пациенти од Скопје се 165, Прилеп 36, Битола 27, Крива Паланка 15, Куманово 14, Кочани 13, Охрид 11, Кавадарци и Кратово по 9, Струмица и Неготино по 8, Демир Хисар 7, Штип, Ресен и Кичево по 6, Гевгелија 5, Велес, Берово и Радовиш по 4, Тетово, Струга и Пробиштип по 3, Виница 2 и Свети Николе, Богданци, Пехчево, Крушево и Демир Капија по 1.

Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021. Регистрираните починати лица се од Охрид, Делчево, Македонска Каменица, Тетово и Кочани. Починатите лица се на возраст од 65 до 86 години, од кои едно лице е починато во домашни услови, а четири во болнички услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1