ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/21 4:17 PM

„Беше убаво додека траеше“: Се венчала за себе, па се развела

Сологамијата односно венчањето за себе, е почеста појава одошто мислиме. Луѓето ширум светот се заколнуваат на вечна љубов со самите себе и ја изговараат познатата реченица „и во добро и во зло, додека смртта не не’ раздели“.

Поради љубовта кон себе, на ваква венчавка се одлучила и Крис Галера, инфлуенсерка од Бразил. Таа се одлучила на ваквиот потег бидејќи ја загубила довербата во мажите, па одлучила самата секогаш да си се става на прво место. Таа нагласила дека не ја исклучува можноста еден ден да се омажи за човекот на својот живот, но додала дека и тогаш ќе си биде најважна.

„Ако се појави мажот на мојот живот, тоа не значи дека ќе се разведам до себе. Ќе го ставам партнерот на второ место, бидејќи првото засекогаш е резервирано за мене“, заклучила таа. Судејќи по нејзините фотографии на социјалните мрежи, може да се заклучи дека Крис сепак нашла маж „по своја мерка“ и за три месеци повторно стапнала на „лудниот камен“, но овој пат со партнер покрај себе.

„Бев среќна додека траеше. Почнав да верувам во љубовта во оној момент кога запознав некој навистина посебен“, напиша таа под своите фотографии. За оваа прилика, Крис облече бела венчаница со длабоко деколте, комбинирана со бисерна нараквица и бела огрлица.

 

Извор:  telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1