ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/21 3:50 PM

Нора Шаќири разрешена од в.д дирeкторка – Водела дисциплинска постапка врз вработени во време на изборен процес

В.д директорката на НУ Театар Комедија – Скопје, Нора Шаќири Марковиќе е разрешена од функцијата. Од Министертсвото за култура информираат дека Шаќири е разрешена по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд, при што било констатирано дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес.

„Министерката за култура, Ирена Стефоска, донесе одлука за престанок на мандатот на в.д. директорката на НУ Театар Комедија-Скопје, Нора Шаќири Марковиќ, по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд. Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34 став 1 алинеа 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алиниеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес. За нов в.д. директор на НУ Театар Комедија е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот“, информираат од Министерството за култура.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1