ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/21 3:06 PM

(Видео) Фаталниот дел од патот „Струма“ – Нема знак за зона за пауза, остатоци од двојна непрекината линија која за време на дожд и темно не се гледа

Патниот правец на фаталната катастрофа на магистралата „Струма“ бил изграден од македонската компанија „Маврово“ пред помалку од 20 години, ова го соопштуваат за БНР патните експерти од Ќусдендил, запознаени со проектот.

Проектот на делницата е бугарска фирма, а македонската фирма била само проектант. Изградбата е доверена на македонската фирма „Маврово“, по добиен тендер.

Според бугарските експерти трасата е добро сработена. Сега се прави утврдување на самиот пат, а падините од двете страни не се заштитени со заштитна мрежа.

Сето тоа заедно го отежнува движењето на патот, велат експертите за БНР.

Фаталната делница на „Струма“ помеѓу Даскалово и Долна Дупница не е со статут на  магистрала. Тоа покажуваат документите, потпишани од регионалниот министер од 2017 година.

Повеќе од 24 часа по трагедијата за која сеуште нема одговор од надлежниот министер каков е актуелниот статус на дел од патот.

Според експертите од Државната агенција за безбедност,  движењето на патот е брз, но не е автопат и е без акт 16.

„Патот нема акт 16 и затоа е брз пат. Тоа е пат за автомобили со ограничено движење на 120 km/h“, рече Росен Рапчев од Државната агенција за безбедност на движењето на патиштата.

Останува прашањето зошто години наназад не е направено неопходното, за да може „Струма“ да е навистина автопат. Како одговор на прашање во парламентот во 2017 година, даде министерот Николај Нанков кој рекол дека тој дел од патот е пуштен за движење во 2007 на етапи, акт 15. Во реонот има проблем и со експропирација на земјиштето.

Според експертите зоната за одмор не е означена и возач кој не го познава патот може да се излаже. Ако сака да остане во десната лента, веднаш ќе забележи дека веќе не е на патот.

„За мене е многу важно да се поставиме на местото на возачот, односно ние да претпоставиме што видел тој човек. Одредени зони за пауза треба да бидат обележани со знаци, тука сме на 500 метри пред инцидентот и јас не гледам таков знак. Гледаме знак на патот, погледнуваме во него, но тој не е знак кој предупредува за место за пауза, туку е знак за вињетки. Во еден момент шоферот, не забележува бидејќи е слабо обележано од десно, не забележува бидејќи е темно и врене дожд, но има и десна кривина во која за жал видливоста на патот ќе му се сокрие уште повеќе. И тука веќе што е многу интересно се појавуваат остатоци од двојна непрекината линија, која за жал за време на дожд и темно нема никакво светлосно обележување“,  вели Димитар Илиев, автомобилски експерт.

Преземено од: https://btvnovinite.bg/

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1