ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/21 1:14 PM

Две лица загинале, а едно е потешко повредено во сообраќајна несреќа во светиниколско

Две лица загинале, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која се случила на крстосницата од локалниот пат за село Горобинци, светиниколоско.

„На 24.11.2021 околу 02.45 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, патничко возило „ауди”, управувано од В.С.(37) од Свети Николе, излетало од патот. Во несреќата возачот и сопатничката С.А.(21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на местото на настанот. Сопатникот Д.Ј.(28) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе“, соопштија од МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1