ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/21 11:50 AM

Ќерка ми и зет ми загинаа, но немам информации: Асим Селмани го чека министерот Османи пред „Пирогов“ во Софија

Ќерка ми и зетот беа во автобусот, но немаме информација каде се – изјави денеска Асим Селами од скопското село Количани. Тој дојде во болницата „Пирогов“ во Софија каде се хоспитализирани преживеаните од вчерашната трагедија со автобусот во Бугарија, но неговите блиски не се меѓу нив.

„Кај треба да чекаме и ние не знаеме. Не се во болницата, имаме информација дека не се, влеговме тука, но никој нема овде. Каде е судска меидцина јас не знам“, изјави Селами.

Тој го чекаше министерот Бујар Османи за да дојде и да им даде информации.

„Во болницата немам блиски, јас имам ќерка и зет, тие се меѓу загинатите“, изјави Селами, од чиј син во Скопје веќе зеле ДНК материјал за идентификација.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1