ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/21 9:25 AM

Еден од преживеаните е во тешка психолошка состојба – извештај од лекарите од софиската болница

Преживеаните македонски државјани од тешката автобуска несреќа, кои се на лекување во софиската болница Пирогов, се во стабилна состојба. Двајца од седумината пациенти се очекува денеска да бидат оперирани. Други двајца вчера имаа успешни операции. Шестмина се сместени на Клиниката за пластична хирургија, еден е на Трауматологија. Пациентот е во тешка шокова состојба и му е потребна психијатриска помош, објавија лекарите на утринската прес конференција.
-Со сите пациенти работат психолози. Двајца од пациентите очекува да бидат отпуштени од болница на крајот на оваа недела или на почетокот на следната. Пациентите имаат скршеници и изгореници, соопшти професорката Маја Аргирова.
Вчера биле извршени две операции, но ќе им требаат уште неколку интервенции. На еден од пациентите има скршеници на пршлените на рбетот. Друг има тешки изгореници на рацете.
Лекарите објавија дека пациентите се од две сeмејства. 16-годишната девојка е во стабилна состојба и денеска ќе и биде оперирано коленото.
Тоа е лекарскиот билтен на повредените. Лекарите повеќе не дадоа информации, упатувајќи на други институции.
Македонските пациенти во болницата Пирогов се донесени вчера рано утро, откако автобусот со кој биле на екскурзија во Истанбул на враќање за Скопје прво удрил во банкината покрај патот, па потоа се запалил. Во несреќата загинаа 45 патници, од кои 12 деца.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1