ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/21 9:48 AM

Што имало во тубите и дали се тие причина за пожарот во автобусот, се прашања на кои треба да одговори истрагата

Репортерката на БТВ новините, Мариета Николаева била меѓу првите новинари на местото на сообраќајната несреќа што се случи вчера во Бугарија на автопатот Струма. Ден по несреќата таа беше гостинка во утринската програма, каде рече:

-Кога дознавме дека 45 луѓе се загинати бевме во шок, не верувавме. Но, кога отидовме на лице место видовме дека станува збор за голема катастрофа. Од што јас го знам од институциите е дека првично луѓето биле во шок, не знаеле што се случува. Пожарот пламнал и се се случило за неколку минути. Вратите биле затворени, според мои информации возачите меѓу првите загинале и затоа не можеле да ги отворат. Пожарот е причина за големиот број жртви, не самата несреќа. Според мои информации од институциите најдени се туби во автобусот. Што имало во нив и дали тие придонеле или се причина за пожарот тоа допрва ќе се испитува. Допрва следува многу тешка експертиза, која ќе одземе многу време. Но, многу е важно да се дознае што е причината за големиот и интензивен пожар. Овде не станува збор за искра, туку за голем и интензивен пожар во автобусот. Не знам дали ќе дознаеме што имало во тие туби. Заега никој не сака да избрзува со заклучоци, бидејки трагедијата е голема, рече Мариета Николаева новинарка на БТВ новините и додаде:

„Истрагата ќе ја водат исклучиво бугарски служби, бидејќи не е правно возможно да учествуваат двете држави. Македонките институции ќе помагаат во делот на обезбедување на документацијата“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1