ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/21 8:47 AM

Како се спасиле седум патници од автобусот – Сведочење за последните минути од несреќата

Лулзим Сулејмани од Прешево седел на претпоследното седиште во автобусот кој во понеделникот од Истанбул тргнал на пат кон Скопје. Кога се случила катастрофалната несреќа во Бугарија, тој бил буден и свесен за се што се случува околу него. Кога возилото почнало да гори успеал да го скрши страничното стакло на автобусот, ја испружил раката и ја повлекол со себе својата свршеница од Куманово, која не можела да оди, поради повреда на нозете. За последните мигови од несреќата во која загинаа 45 патници од земјава, тој сведочеше пред истражните органи во Бугарија.

Сулејмани кажал дека прво се слушнал удар во банкината, па потоа експлозија, најверојатно од гумата, по што пожарот започнал брзо да се шири од предниот дел. И покрај тоа што бил повреден, тој им помагал и на неколкумина други патници што побрзо да излезат од опожарениот автобус.

Сулејмани е единствениот српски државјанин кој бил во запалениот автобус. Тој е еден од седуммината коишто ја преживеаја несреќата. Српскиот амбасадор во Бугарија, Жељко Јовиќ, објави дека го посетил во болница Сулејмани, кој утрово бил повреден во страотната автобуска несреќа во Бугарија. „И покрај повредата, помогна во евакуацијата на патниците! Добро се чувствува, редовно ќе го посетуваме“, соопшти српската амбасада на Твитер.

Извор: www.dw.com/mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1