ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 11:22 PM

Има повредени – Пукање кон автомобил во Скопје, во кој имало две лица

Едно лице се здоби со повреди на десната нога, а друго со расекотини по лицето, откако попладнево на паркинг во Скопје било пукано во колата во која се наоѓале, информираа за МИА од  Министерството за внатрешни работи.

-Според првичните информации денеска околу 16:40 пријавено е дека на паркингот на ОУ „Живко Брајковски“ на улица „Хо Ши Мин“, каде претходно било паркирано патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, во кое биле лицата М.А. и А.У.(34), по кажување на М.А., од страна на М.Б. било пукано кон возилото. Со повреди на десната нога се здобил М.А., а лекарска помош му е укажана во ГОБ Св.Наум Охридски. Исто така, А.У. се здобил со повреди- расекотини по лицето,  наведуваат од МВР.

Како што дополнуваат од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1