ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 10:33 PM

Тројца лекари од Институтот за судска медицина во Скопје ќе се вклучат во тимот за обдукција на загинатите во несреќата

Тројца лекари од Институтот за судска медицина во Скопје се очекува утре да се приклучат на експертскиот тим во Софија кој ќе врши обдукција и идентификација на телата на загинатите македонски државјани во автобуската несреќа во Бугарија.

Како што соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, нашите тројца експерти се веќе во Софија со цел да помогнат за побрзо завршување на обдукцијата. По известување од министерот за здравство и укажување од неговиот бугарски колега дека за нивен ангажман ќе биде потребна официјална нота од македонска страна преку бугарското МНР до Обвинителството во Софија, тоа е, вели Османи, направено. Попладнево нотата е испратена со барање тројцата експерти на Институтот за судска медицина во Скопје да бидат дел од експертскиот тим за обдукција и идентификација на телата.

– Тоа барање е упатено конечно до Обвинителството, процедура која сепак според бугарските власти треба да се почитува и очекувам во текот на утрешниот ден Обвинителството да го одобри нивното вклучување во процесот на идентификација, рече Османи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1