ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 7:58 PM

Автобусот на “Беса Транс“ сообраќал нелегално без извод, покрената постапка за одземање на лиценцата

Министерството за транспорт и врски ќе покрене постапка за одземање на лиценцата на “Беса Транс“ откако министерот Благој Бочварски ги потврди шпекулациите дека автобусот кој се запали на автопатот Софија-Благоевград рано утринава и во кој загинаа 46 македонски граѓани.

– Превозникот доставил барање за добивање на лиценца за вршење на меѓународен превоз на патници. Ги усполнил условите во законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници.

Кон барањето сопственикот доставил уредна документација со важечки потврди за исполнување на техничките услови со еуро стандард на возилата, Еуро3 и Еуро4. Доставил и список на вработени возачи.  На превозникот му е издадена лиценца со важност од 08.08.2018 до 08.08. 2022 година. Превозникот до овој момент има уредна дозвола за вршење на меѓународен слободен превоз на патници – рече Бочварски.

Министерството во рамки на надлежностите издава и извод на лиценца за вршење на превоз на патници за секое возило поединечно. Возачот кој врши ваков превоз мора да поседува меѓународен сертификат за професионална компетентност на возач за учество во превоз на патници и стока.

– По добиените информации од МВР за опожареното возило константиравме дека истото не било пријавено од страна на превозникот и поради тоа возилото го нема во електронската база на Министерството за транспорт и врски. Согласно овој член од законот, превозникот е должен да го извести министерството за секоја промена, пријавување на возило или возач најдоцна до 15 дена.  Превозникот е должен да има извод од лиценца.  Кон барањето за издавање на извод превозникот доставува доказ за сопственост или договор за финансиски лизинг на автобусот, потврда за исполнување на технички услови, доказ за вработени возачи и доказ за поседување доволен број на шофери со важечки сертификат.  Бидејќи превозникот вршел превоз без поседување извод за тоа возило, Министерството за транспорт и врски ќе покрене постапка за одземање на лиценцата на тој превозник. Владата го задолжи Министерството да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата – додаде министерот Бочварски на владината прес-конференција.

Министерот Благој Бочварски на прашањето на ММС колку лиценцирани автобуси имал превозникот “Беса Транс“, рече дека овој превозник имал лиценца само за четири возачи и четири автобуси, а треба секој автобус да има по двајца пријавени возачи.

 

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1