ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 5:32 PM

Невакцинираните ќе здивнат, за предлог мерките ќе се одлучува на наредната владина седница

Мерките кои се однесуваат на вакцинација против Ковид19, предлог на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, се одложени за наредната владина седница, соопшти попладнево МЗ.

Согласно предлог-мерките, сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Оние кои го прележале вирусот ќе приложат потврда за прележан Ковид-19, не постар од 45 дена, а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист. Покрај тоа, се предлага вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките треба да стапат во сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, за граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за здравствените работници кои се уште не се вакцинирале.

На владината седница требаше да се разговара и за барањата на синдикатите за два платени слободни дена по вакцинацијата и ПЦР тестирањето за оние кои не сакаат да се вакцинираат, да биде на трошок на работодавачот. Синдикатите вчера на средба со министерот за здравство Венко Филипче побараа да биде продолжен на 15 дена и рокот кога ќе почнат да важат мерките, наместо 10 дена како што предлага Комисијата за заразни болести.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1