ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 4:02 PM

Креирај ја Програмата за работа 2022 за ЈП Лајка

Неодамна ЈП Лајка објавија дека сите љубители на животните и активисти може да се вклучат во креирање на програмата на ЈП Лајка за 2022 година.
„Во интерес на јавно и транспарентно работење ги покануваме сите љубители на кучиња, засегнати граѓани, активисти и здруженија да го дадат својот придонес и заеднички да ја креираме предлог Програмата за работа за 2022 година за ЈП ЛАЈКА“, напишаа од Јп Лајка.

Од таму ни пристигна уште една среќна приказна, станува збор за Џини која станала дел од ново семејство, за ова информираа од Лајка.

„Нашата Џини стана дел од едно прекрасно и големо семејство. Од мало и преплашено кученце кое заедно со својата сестричка беше фрлена во канал во близина на нашето прифатилиште, Џини сега има свој топол дом“, напишаа на Фејсбук на ЈП Лајка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1