ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 3:37 PM

Несреќата на македонскиот автобус е најсмртоносната во Европа во последните десет години

Анализата на новинската агенција Франс прес покажа дека денешната автобуска несреќа кај Бошњак,Бугарија, во која загинаа 46 лица, е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија.
Во најголемите автобуски трагедии во Европа во последните 10 години, новинската агенција ги вбројува автобуските несреќи, во кои загинале поголем број на луѓе од 2011 до денес.
2021: Несреќата во Бугарија (45 починати, од кои 11 деца)
Загинаа најмалку 45 лица, меѓу кои 11 малолетни, кога рано изутринава во Бугарија се запали автобус кој сообраќал од Истанбул за Скопје. Најголем дел од патниците се од албанска националност.
2019: Португалија и Русија
Португалија: 29 германски туристи загинаа на 18 април, кога нивниот автобус излетал од патот кон ресторан на планинскиот остров Мадеира.
Русија: Автобус падна од мост во замрзната река во Сибир на 1 декември, при што загинаа 19 лица.
2018: Турција и Бугарија
Турција: Загинаа 17 мигранти прошверцувани низ Турција, а 36 беа повредени на 29-ти март, кога нивниот автобус се запали откако удри во столб во близина на Карс на истокот од земјата. Повеќето од нив биле Иранци, Авганистанци и Пакистанци.
Бугарија: Дваесет аџии загинаа на 25-ти август откако нивниот автобус се преврте за време на силен дожд северно од Софија за време на патување во православен манастир.
2017: Автобус од Германија: 18 возрасни туристи од Саксонија загинаа на 3 јули кога нивниот туристички автобус се запали по судир со камион во Баварија.
Италија: 16 лица – главно унгарски тинејџери кои се враќаа од скијање во Франција – загинаа на 21-ви јануари кога нивниот автобус се запали по несреќа во близина на северниот град Верона.
Русија: 16 лица загинаа кога воз удри во расипан автобус со претежно узбекистански патници на железнички премин источно од Москва на 6-ти октомври.
2015: Франција:
Беше прогласена за најтешка несреќа во Европа во последните 30 години, 43 лица загинаа на 23 октомври кога автобус на пензионерски клуб се судри со камион и се запали во близина на Пузеген во југозападниот дел на земјата.
2014: Експлозија на резервоар
Турција: Цистерна што превезуваше течен нафтен гас (ТНГ) се преврте и експлодираше на автопат во југоисточниот дел на земјата на 22-ри јули, при што загинаа 26 лица во два автобуса што минуваа, зафатени во пламен.
Уште 21 лице загина во централна Турција на 23-ти јануари кога нивниот автобус се преврте на замрзнатиот пат во текот на ноќта.
2012: Швајцарија
Загинаа 28 лица, меѓу кои 22 деца, на 13 март во несреќа во Сиера, јужна Швајцарија, додека се враќале во Белгија од скијање.
2011: Турција: 25 лица, главно студенти, загинаа кога камион натоварен со цигли се судри со автобус во близина на Салат, село во југоисточната провинција Дијарбекир, на 21 декември.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1