ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 2:56 PM

„20 години имам транспортна фирма и сме немале инцидент“, и рекол сопственикот на „Беса транс“ на обвинителката Русковска

Сопственикот на „Беса транс“ се наоѓа на местото на автобуската несреќа што се случи утрово во Бугарија, а тоа го потврди и Вилма Рускоска, шефицата на ЈО за организиран криминал и корупција.  Таа со Љубомир Јовески, републичкиот јавен обвинител веќе е во Бугарија и од местото на сообраќајката со бугарските колеги одржаа прес конференција.

-На самото место на несреќата се сретнав со сопственикот, кусо разговравме и тој ми рече дека веќе 20 години има транспортна фирма и до сега немале никаков инцидент. Тоа е според неговото кажување. А ние ќе ја обезбедиме комплетната докумантација за сите автобуси, кога се регистрирани, кога биле на технички преглед и ќе им ги испратиме на колегите од Бугарија, рече Рускоска.

На новинарски прашање дали сопственикот на „Беса транс“ и кажал колку се нови автобусите таа рече:

-Не го прашав. Тој може сешто да каже. Треба да ги видиме документите. Ние обвинителите повеќе веруваме на документи отколку на исказ на било кој, додаде Рускоска а Јовески ја надополни:

-Документите за автобусот и сопственоста се обезбедени и ќе им ги предадеме на колегите од бугарското ЈО, но многу документи треба да се проучат за да се утврдат фактите и што побргу да се заврши се, особено идентификација на починатите. Сето тоа ќе го водат колегите од Бугарија, рече Јовески.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1