ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 2:56 PM

Поразителни бројки – Повеќе од 5,15 милиони луѓе во светот починале од Ковид 19

Пет милиони и 156.563 луѓе починале од коронавирусот во светот, а 257 милиони и 514.640 биле заразени, објави денеска агенцијата, Франс прес.

Бројот на официјално заразени не ја одразува реалната бројка, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

Соединетите држави беа најтешко погодени со 772.344 смртни случаи и 47.888.192 заразени.

Следува Бразил со 612.782 смртни случаи и 22.019.870 случаи на заразени, Индија со 466.147 смртни случаи (34.526.480 заразени), Мексико со 292.524 смртни случаи (3.864.278 заразени) и Русија со 266.950 смртни случаи (268.954).

Меѓу најтешко погодените земји, Перу има најмногу смртни случаи во однос на населението, 609 на 100.000 жители. Следат Бугарија (392), БиХ (375), Црна Гора (359), Северна Македонија (358), Унгарија (343) и Чешка (301).

Латинска Америка и Карибите имаат 1.535.307 смртни случаи (46.476.913 инфицирани), Европа 1.490.339 смртни случаи (81.407.469 инфицирани), Азија 890.793 смртни случаи (56.864.674 инфицирани), Соединетите Американски Држави и Канада 801.851 смртни случаи (49.655.914 инфицирани), Африка 221.685 смртни случаи (8.588.102 инфицирани), Блискиот Исток 213.376 смртни случаи и Океанија 3.212 смртни случаи (296.415 заразени).

Франс прес прави дневен биланс врз основа на државните податоци од земјите ширум светот и информациите од Светската здравствена организација.

Преземено од: https://www.espreso.co.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1