ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 2:17 PM

Сите амбасади и мисии во странство ги спуштија знамињата на половина копје

Министерството за надворешни работи информира дека сите амбасади и мисии на земјава во странство ги спуштија знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост.

– Согласно Одлуката на Владата за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Република Бугарија, во која животот го изгубија повеќе наши државјани, сите амбасади и мисии во странство ги спуштија знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост, пишува на Фејсбук страната на МНР.

Истовремено, од МНР потенцираат дека сите наши амбасади и мисии имаат отворено книги на жалост, а сите закажани настани, приеми и промоции во рамките на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во деновите на жалост се откажани.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1