ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 1:13 PM

Тахографот на македонскиот автобус изгорел, ќе се собираат податоците од камерите на патиштата

„Автобусот е во таква состојба што не може да се утврдат податоци од техничкиот уред кој го снима движењето на автобусот – тахографот. Се изгорело“.  Ова за БНР го објаснил извршниот директор на Извршната агенција „Автомобили Управа“ Бојко Рановски, за македонски автобус на автопатот Струма во кој загинаа 45 лица.

Тој посочи дека според информациите од Државниот автомобилски инспекторат од граничниот премин Капитан Андреево, во близина на местото на несреќата не се регистрирани прекршувања на сообраќајните правила.

Рановски истакнал дека според камерите од граничните пунктови и од Агенцијата за патишта, истражните органи можат да извлечат информации кои се неопходни за утврдување на причините за несреќата.

Преземено од: https://news.bg/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1