ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 1:59 PM

Се идентификуваат жртвите, списокот на патници испратен за Скопје

Списокот на патници од автобусот е испратен за Скопје и е започнат процесот на идентификација на жртвите во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот Струма во Бугарија – изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески.

На местото на несреќата се сослушуваат сведоци, додека само двајца од седуммината повредени кои се во болницата „Пирогов” во Софија се во соодвтена состојба и можат да дадат исказ.

„Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите“, рече Сарафов.

Тој нагласи дека сите потребни документи, Обвинителството ќе ги испрати до институциите во Скопје.

Јавниот обвинител на С Македонија Јовески, изрази сочувство до роднините на загинатите. Тој информираше дека ги ставаат на располагање сите капацитети на колегите од Бугарија со цел што поскоро да се утврдат причините за трагичниот настан.

„Ние ќе дадеме помош во делот на обезбедување документација, идентификување на настраданите и се’ она што е потребно во истражувањето“, кажа Јовески

Шефицата на ОЈО Вилма Рускоска, објасни дека компанијата „Беса транс” функционира 20 години и досега немала сообраќајни незгоди, но дека мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите. Според првичните информации, автобус бил нов, и во функција е само три години.

Во моментов, според обвинителите, нема да се води дополнителна предистражна постапка кај нас и таа само ќе биде на теритоиријата на Бугарија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1