ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 1:16 PM

Смртта им ги прекина плановите за свадба – Газменд (27) и Албина (23) славеле роденден во Истанбул

Газменд Укали (27) со вереницата Албина Белули (23) од Тетово се дел од загинатите во автобуската несреќа, која се случи утрово во Бугарија.  Газменд и Албина  заминале за Истанбул, каде тој го прославил роденденот.
Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, од каде велат дека  ќе го паметат како многу вредно и добро момче.
– Газменд беше дел од кабинетот, задолжен за односи со јавност. Беше мирно, воспитано дете, професионалец. Искрено најдобар колега, ќе го паметиме само по добро. Со девојкатата се заедно неполни две години, а, како што велеше тој,  другата година сакаа да прават свадба. За жал не дочекаа. Трагедија голема во нивното семејство. Газменд пред повеќе од  две години го загуби татко си. Татко му беше лекар, а тој живееше со мајка му.  Трагедија за која нема зборови и утеха,  рекоа за ММС од кабинетот на градоначалникот на Општина Кичево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1