ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 12:18 PM

МНР формираше кризен штаб за сообраќајната несреќа во Бугарија, отворена и специјална телефонска линија

 Министерството за надворешни работи формираше кризен штаб во врска со автобуската несреќа што се случи во Бугарија во којашто загинаа најмалку 45 лица.

– Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во Мнистерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата – посочуваат од МНР.

Министерството исто така информира дека негови двајца наши вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.

– За оваа цел, Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет на телефонскиот број 075 273 732, информираат од МНР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1