ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 11:32 AM

Стара жена живее на адресата во Ќустендил кај што е регистрирана „Беса транс“, а тука се водат и уште 23 македонски фирми

Дури 24 македонски фирми се регистрирани на истата адреса во Ќустендил, на која е регистрирана фирмата сопственик на македонскиот автобус, кој изгоре утрово на патот Струма, пренесува btvnovinite.bg, повикувајки се од податоци во трговскиот регистер на Бугарија.

Новинарска екипа се упатила на адресата, на која се наоѓала станбена зграда, а во станот, што е посочен како адреса живеела стара и болна жена.

Таа изјавила дека нејзиниот син пред 10 години работел во таа фирма и од тогаш немале никаква врска со фирмата.

Фото: Принтскрин -btvnovinite.bg


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1