ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 12:19 PM

Грешка на возачот ја предизвикала несреќата, тврди секретарот за безбедност на Перник, Пиргов

Неприлагодена брзина и невнимание на возачот може да бидат една од причините за автобуската несреќа во која во опожарениот автобус животот го загубија 46 патници кои се враќале од Истанбул.

Ова го раскажа за телевизија БТВ, секретарот на регионалниот совет за безбедност на Перник, Васко Пиргов кој бил на местото на инцидентот заедно со првите полицајци и пожарникари.

Кога тој пристигнал во 3.30 часот, огнот веќе бил изгаснат и се гледале страшни слики.

– Не е се раскажување, глетката е страшна, од задното десно стакло скокале од автобусот. На средната врата имаше страшна глетка на изгорени луѓе кои се обидувале да избегаат. Не е за во јавност тоа што го видов – истакна Пиргов.

Според него, возилото сопрело на бензинска станица која е на 20 минути пат од местото на трагедијата и ја исклучува можноста возачот да заспал, а вели дека и патот бил одличен. Најверојатно возачот возел со неприлагодена брзина и во еден момент се збунил мислејќи дека вози на десната лента. Автобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење, што значи дека возачот не реагирал адекватно. Несреќата апсолутно настанала како резултат на човечка грешка, изјави Пиргов.

Тој вели дека автобусот не се превртел, а возачот се обидел да сврти в лево, додавајќи дека има снимен материјал „што и не е пријатен за гледање”.

– Патот е во перфектна состојба. Овде станува збор за грешка на возачот. Нема можност автобусот да се зализгал патот, нема знаци на кочење. Автобусот се запалил од предниот дел. Во самиот автобус имало туби со нафта, изјавува Пиргов, додавајќи дека огнот започнал од предниот дел на автобусот, најверојатно во системот за греење.

МИА

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1