ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 10:53 AM

АВМУ апелира медиумите да даваат точни и проверени информации за несреќата во Бугарија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) апелира до медиумите да известуваат без сензационализам за автобуската несреќа во Бугарија и исклучиво да се водат согласно професионалните новинарски стандарди и принципи.
„Информациите треба да бидат точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да се каже или објави. Имајќи ги предвид размерите на трагедијата, Агенцијата апелира радиодифузерите да ја прилагодат својата програма и да емитуваат содржини соодветни за вакви настани, односно да не емитуваат забавна програма. Истовремено, доколку се во можност треба да го прекинат и емитувањето реклами“, се наведува во соопштението.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1