ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 10:46 AM

Братучед ми не можеме да го добиеме, а од „Беса транс“ никаде ги нема – изјави роднина на еден од патниците

Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија ја видовме утринава околу шест часот и веднаш почнавме да вртиме на телефоните на агенцијата „Беса транс“. Не се јавуваат, немаме никакви дополнителни информации – изјави претпладнево Џелал Бакиу, роднина на еден од патниците. Новинарите го затекнаа пред седиштето на туристичката агенција во Скопје, која денеска е затворена.

Тој изјави дека неговиот братучед Енес Бакиу (41) патувал со автобусот од  Турција, но семејството нема никакви информации дали тој е меѓу преживеаните. Кусо посочи дека неговиот братучед сам заминал за Турција, а по повеќето обиди, семејството не може да го добие на телефон.

„Како што знаат да организираат кога треба да се прошетаат луѓе, сега кога е најтрагично нешто треба да дадат информации, или сега или никогаш. Сега повеќе од кога било треба да бидат поактивни и ги замолувам институциите кои имаат некоја информација, да ја кажат на луѓето. Како е можно да не добиеме информација за преживеаните“, истакна Џелал Бакиу.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1