ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 10:47 AM

Tим на МВР тргна за Бугарија за да им помогне на колегите околу сообраќајната несреќа

Тим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако телефонски разговарал и се договорил со неговиот бугарски колега, Бојко Рашков.

Спасовски изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во Бугарија и рече дека очекува брза и сеопфатна реакција на надлежните служби.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1